Заев: Ќе бидат сменети повеќе од тројца министри
Foto

Заев: Ќе бидат сменети повеќе од тројца министри

Целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени се разрешени вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата и премиер Зоран Заев по завршување на седницата заблагодарувајќи им се на сите за вршењето на досегашните функции во партијата.

„Ветивме промени, промените се случуваат. Донесовме системски и суштински промени. Јавно да им се заблагодарам на сите функциониери кои престанаа да ги вршат своите функции. На генерални секретари - Александар Кирацовски, Миле Зечевиќ, Дане Талески. На шесте потпретседатели во партијата. Ова е сериозен израз на одговорност. Тргнавме од сопствените редови. Не е точно дека само претседателите на Општинските организации се виновни. Следуваат консултации за поставување на новите органи и тела. Сега е време за уште поголема иницијатива, за подобрување на животот на граѓаните. СДСМ е најголемата партија, живее со и за граѓаните, подготвена е да се менува на подобро. Ја внесовме нашата земја во НАТО, очекуваме преговори за ЕУ. Ако тргнавме од своите редови, верувајте нема да дозволиме на никој во државата да не ги исполни очекувањата на граѓаните. Пораката ја примивме. Граѓаните испратија порака, останаа дома. Корегирајте се ако сакате поддршка. Одлуките беа едногласни. Сега со освежени капацитети за живот, очекувам експанзија, овој топол ветер што дува кон нашата земја да го искористиме“ - рече меѓудругото претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на партијата истакна дека „Секаде каде се покажала ароганција, ќе се случат промени, затоа што само така е во ред. Имаме слабости и кај градоначалници, и кај директори, оти ветивме живот за сите, тоа мора да го исполниме. Ќе бидат повеќе министри, бројката не ја кажувам, блиску сум од бројка од една третина“.

На прашање дали и Заев ќе понуди оставка во партијата, тој вели „Не гледам причина Зоран Заев да понуди оставка. Не ми паѓа на памет, јас сум доблесен.

Новиот генерален секретар во СДСМ, Љупчо Николовски им се заблагодари за довербата на членовите на ЦО и рече дека ќе го црпат искуството од досегашните потпретседатели и генералниот секретар. 

„Работиме силно и посветено. Ќе бараме отчет од сите функционери, од градоначалниците, од директорите. Гарантирам дека деноноќно ќе работам на системот. Работиме на долг рок, да обезбедиме европска иднина на граѓаните. Ќе бидеме постојано на терен, уште од утре“ - рече Николовски. 

0 Коментари

Остави коментари