Заев: Јас слушнав дека името на Фрчкоски се поврзува со Њујорк, а не со Вашингтон
Foto

Заев: Јас слушнав дека името на Фрчкоски се поврзува со Њујорк, а не со Вашингтон

Шпекулација, непроверени информации кои деновиве лиферуваат низ медиумите или станува збор за дипломатски скандал? Веста за професорот Љубомир Фрчкоски дека е одбиен од САД како македонски амбасадор во Вашингтон ја стресе македонската политичка сцена. 

Заев денеска не сакаше да ги коментира овие објави, а додаде и нова шпекулација за која, како што кажа, слушнал. 

- Јас морам да ви потврдам дека ниту Владата ниту друга институција не коментира амбасадори додека не завршат постапките, за било која земја. Тоа сме го правеле дури и за конзули, а не пак за амбасадори. Јас слушнав дека Фрчкоски е за Њујорк, а не за Вашингтон. За еден амбасадор прво се носат одлуки на Влади, па се добива агреман од претседателот, па агреман од земја-домаќин. - изјави Заев.

Низ медиумите веќе врти веста за отфрлувањето на професорот Фрчкоски од САД поради бројни причини, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува  дека власта направила скандал и ја понижила САД. 

- Државава ја тресе нов скандал, вратен предлогот за Фрчкоски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално низ круг течат многу шпекулации околу наводното одбивање на Фрчкоски, но според извори на тв 24 не станувало збор за причина лустрација. Пред некој ден министерот Османи ги негираше и објавите дека екс заменик министерот за надворешни работи Андрек Жерновски е кандидат за амбасадорското столче во ОН во Њујорк. 

Во изминативе месеци пак, Воената Алијанса НАТО го стави знакот СТОП за 10тина македонски функционери, како ризични за доверливи информации и не им додели безбедносен сертификат. Тогаш директорот на Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации, Стојан Славески за тв 24 изјави дека причините не биле корупција и соработка со странски разузнавачки служби.

0 Коментари

Остави коментари