Заев: Избравме европски претседател на државата
Foto

Заев: Избравме европски претседател на државата

Имавме успешни и демократски избори и добивме европски претседател на државата. Стево Пендаровски е претседател на сите нас. Со кристално чистите избори во двата изборни круга покажавме дека Република Северна Македонија има врвни демократски капацитети и оти е подготвена за Европа. Ова е победа на граѓаните и на Републиката, порача вечерва премиерот Зоран Заев.

-Од денеска никој не може да застане на патот на прогресот и перспективите. Исходот од денешните избори покажува дека заедно одиме напред во НАТО и ЕУ. Одекна мнозинската граѓанска определба на чисти, фер и демократски избори. Продолжуваме заедно и одговорно напред. Пендаровски е наш, ваш, мој, твој, претседател на сите нас, рече Заев во своето обраќање во седиштето на СДСМ.

Тој нагласи дека патот на земјава е потврден и поплочен со успех и со сигурност продолжува напред во остварувањето на стратешките цели. Заедно, посочи, покажавме дека имаме европска земја и горд народ кој е со европски определби.

Ќе покажеме, додаде и како се достигнуваат економските рекорди за доброто на секој човек во оваа земја.

-Напредокот на Северна Македонија ќе биде мотор и за напредок на регионот и Европа, рече Заев.

Премиерот посочи дека денеска победија и нивните кандидати за градоначалник во Охрид и Ново Село, Константин Георгиевски и Никола Андонов.

0 Коментари

Остави коментари