Заев: Избори мора да има во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја става политичката кариера пред здравјето на луѓето
Foto

Заев: Избори мора да има во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја става политичката кариера пред здравјето на луѓето

Предвремени избори за спас на граѓаните пред да фати нова пандемија во септември но и решение за функционална влада и собрание - лидерот на СДСМ Зоран Заев со порака од Струмица - Димитров и Царовска од Скопје зошто на државата и се неопходни избори во првиот можен термин. 

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска во својата реакција наведуваат дека СДСМ сака брзи избори по цена на здравјето на граѓаните. Со порака до Бихаќка и до лидерот на СДСМ Заев потенцирајќи.

„Зоран Заев продолжува да ја става својата тажна политичка кариера пред здравјето на граѓаните. Заев и натаму се залага за брзи корона избори на кои наместо да броиме гласови ќе ги броиме новозаразените и починати од корона вирус. Починатите не се само бројка, тие се наши сограѓани со име и презиме. Не може да бидат решение избори на кои здравјето и животот на граѓаните ќе биде доведено во опасност.“

Од партијата со порака и до Димитров и Царовска.

„Како тоа Никола Димитров и Мила Царовска им кажуваат на граѓаните дека треба да одат да гласаат кога тие се загрижени за своето здравје.Димитров е министерот во чие министерување се смени името и се тргува со идентитетот. Затоа им гори под нозете. И како тоа велат дека имаат почит кон здравствените работните? Тие ги излажаа здравствените работници на кои им ветуваа плата од 100 илјади денари.“

Во исчекување на нова лидерска партиите и натаму остануваат позиционирани на ваќе познатите ставови но со подотворена врата за евентуален консензуален договор. Во своите изјави до сега неколкупати и амбасадорите на земјите од ЕУ, но и САД во земјата посочија дека земјава мора да ја искористи првата погодна прилика за одржување на предвремени парламентарни избори, а мисијата на ОБСЕ и ОДИХР веќе посочија дека се спремни да го следат изборниот процес во земјата независно кога и да се случат изборите.

0 Коментари

Остави коментари