Заев и Мицкоски на лидерска за пописот, Жбогар порачува ЕУ будно ќе го следи попишувањето
Foto

Заев и Мицкоски на лидерска за пописот, Жбогар порачува ЕУ будно ќе го следи попишувањето

Мицкоски и Заев на лидерска средба ќе ги усогласуваат отворените прашања околу пописот. Премиерот Заев најави дека во следните две недели планира да седне на иста маса со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, откако опозицијата најави бојкот на попис.

Власта децидна дека предлог законот за попис е според стандардите на Евростат. Дека пописот кој треба да се спроведе идната година во месец април е според европски стандарди тврди и евроамбасадорот Жбогар. Тој за ТВ24 вчера изјави пописот е за доброто на државата и во него треба да учествуваат сите, а иселениците нема да се вкалкулираат во вкупното население.

Според Жбогар пописот не е конкретен услов за добивање датум, но вели ЕУ будно ќе го следи. 

„ Не е услов, но мислам дека внимателно ќе се следи пописот, законот за попис кој сега е во Парламентот, нацртот е во согласност со со сите стандарди на Европа, подготвен во соработка со ЕУРОСТАТ. Нема причина да не се продолжи и да се одобри. Секако ги поддржуваме дискусиите во Парламентот, но има многу недоразбирања за Законот и кој ќе биде од населението пребројан, а кој не.“  изјави вчера Жбогар во гостивањето во централниот Дневник.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став - спорно е попишувањето на лица иселени од државата од страна на нивни блиски роднини. Од партијата на Мицкоски велат позитивно ќе одоговрат на поканата за лидерска средба, бидејќи за вакво прашање мора да има консензус и ова е прашање во интерес на државата и граѓаните.

„Доколку поканата е во насока на нашето барање за вклучување на ВМРО-ДПМНЕ да помогне во квалитетот на реформите потребни за добивање на датум за преговори кој оваа Влада досега не успеа да го постигне и издејствува, ние како политичка партија сме подготвени да паритиципираме во имплементација на процесите кои се исклучиво од интерес за стратешките интереси на РМ и нејзините граѓани.“ - велат од ВМРО ДПМНЕ.

На иста бранова должина со власта е и директорот на заводот за статистика. Според Симовски ќе се попишуваат граѓаните кои повеќе од 1 година се иселени од државата, но тие вели тој не мора да значи дека автоматски ќе влезат во категоријата вкупно население.

До крајот на месецов во земајва се спроведува пробен попис - главниот треба да се одржи во април 2020 година – но со заглавен предог закон во собраниските фиоки одржувањето на пописот идната година е се понеизвесно. Според директорот на статистика доколку се донесе законското решение до крајот на овој, или идиниот месец земјата ќе нема проблем да го спороведе пребројувањето на населението. Претседателот на комисијата за европски прашања вели предлог законот најверојатно идната недела ќе биде ставен пред пратениците на седница на комисијата.

0 Коментари

Остави коментари