ЗАЕВ И АХМЕТИ ИМАЛЕ СРЕДБА ВО ТЕТОВО – ШТО ДОГОВОРИЛЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ?
Foto

ЗАЕВ И АХМЕТИ ИМАЛЕ СРЕДБА ВО ТЕТОВО – ШТО ДОГОВОРИЛЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА ?

Премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети имале куса средба во Тетово, но не разговарале за најавената владина реконструкција, вели вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. И двацата лидери веќе имале свој концепт како да се зајакнат капацититетите на Владата, но за тоа ќе се сретнат деновиве, по што ќе одлучат кој и зошто треба да биде сменет од функцијата.

- „Вчера имаше нивна кратка средба на еден настан, но без простор да се отворат овие прашања. Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања, со оглед на тоа што ги затворивме политичките теми.“ - изјави Бујар Османи – Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.

За долгочекуваната средба меѓу Заев- Ахмети, се уште нема најава. За тоа немаше прецизна инфромација ниту на денештата редовна прес конференција на владините портпароли.

- „Во овој момент немаме прецизна информација за датум и време за средбата. Во однос, пак, на владината реконструкција тоа е одлука на ниво на коалициски партнери“ - изјави Миле Бошњаковски – Портпарол на Влада.

Голем дел од министрите се воздржани за најавената метла. Очекуваат за тоа одлука да донесе премиерот, а сите велат дека работат посветено во својот ресор,

И министерот за земјоделие Љупчо Николовски не кажува дали се чувствува загорзен од метлата на Заев, но вели дека ќе ја почитува одлуката на премиерот.

- „Тоа е одлука на Претседателот на Владата, кој е и мандатор за составот на Владата. Ние ќе ја почитуваме секоја одлука. Ќе продолжиме да работиме како министерство макотрпно во интерес на граѓаните и во реализација на програмите кои ги носиме“. - изјави Љупчо Николовски – Министер за земјоделство шумарство и водостопанство.

Во јавноста најчесто се посочуваат имињата на министрите од економските ресори, Бектеши, Сугарески и Тевдовски, Министерот за ѓивотна средина Дураку, како и министерот за здравство, Филипче, како владини функционери кои не покажале резултати во својата работа.

Според последните најави на Заев до почетокот на јуни ќе се знае кои министри ќе летаат од Владата, а до крајот на јуни ќе се знаат и другите функционери кои ќе бидат сменети.

0 Коментари

Остави коментари