Заев: Груевски бил главен консумент, но и Мијалков е виновен за прислушувањето
Foto

Заев: Груевски бил главен консумент, но и Мијалков е виновен за прислушувањето

Оштетениот опозиционер, а денес претседател на Владата како сведок во судница побара кривична одговорност за масовното прислушување. Се соочи со Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и останатите обвинети за аферата со „бомбите. Наместо отштета во пари, побара да бидат осудени за да се исправи неправдата.

Зоран Заев сведочеше дека прислушуваните материјали ги добил во 2013-та кога станал лидер на партијата, од Зоран Верушевски кој бил шеф на комисијата за безбедност во партијата. Бомбите биле „извлечени“ од УБК иако пред судиите ниту еднаш со име и презиме не го спомена Сашо Мијалков, кој тогаш беше прв човек на тајната полиција.

„Кажувајки кој е конзумент се подразбира. Сашо мијалков и те како е виновен како директор на УБК, но лошотијата злобата доаѓа од тој што конзумирал. Чесен политичар го спречува и го пријавува тоа.“ - изјави Заев.

Селекцијата на бомбите ја правел лично Заев. Пред да го пушти првиот разговор во јавноста четири пати се сретнал со тогашниот премиер Никола Груевски, кој се шегувал на сметка на бомбите и не му поверувал дека ги поседува. Се присети и дека ги слушал во ковањето планови и Груевски со Ахмети со кого е во владина коалиција и за кој сега вели дека му верува во пресрет на парламентарните избори.

Снимките на албански јазик му ги преведувал човек во партијата, а потоа тој одлучувал што ќе пушти во јавноста. За да го убеди Груевски дека има материјали му прераскажал еден негов разговор за продажбата на плац на Водно. Најприслушуван бил поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, па Заев, новинарите, бизнисмени, но и функционери од тогашната власт. Заев тврди дека е во секојдневна комуникација со Верушевски, бидејќи му е советник за национална безбедност.

Поранешниот разузнавач кој бил задолжен за бомбите на Бихаќка во суд тврдеше дека материјалите претрпеле „стравотна модификација и компромитирање“ што ја шокираше јавноста. Според него мозокот на целата „операција прислушување“ бил Никола Груевски, кој инаку не е ниту обвинет во овој случај.

0 Коментари

Остави коментари