Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите
Foto

Заев: Дивите депонии се неодговорност на институциите, градоначалниците и инспекциите

Во Република Северна Македонија нема ниту една легална депонија. За жал кога ќе излезете од кој било град, од кое било населено место гледате дива депонија. Тоа прво е неодговорност на институциите кои мора тоа да го контролираат, градоначалниците се најмногу надлежни, но тука се и инспекциите пред се комуналните инспекции. Но, ние граѓаните на крајот на денот треба да го депонираме ѓубрето во кантите за смет, а тие што го креваат ѓубрето да може да го однесат на определените депонии за смет.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека спроведуваат регионални проекти, пред четири дена усвоиле конечна одлука за регионална депонија за североисточниот и источниот регион, финансиран проект од близу 37 милиони евра од Европската унија, кој опфаќа буквално два региони од осумте региони.

- Другите пет региони во државата се на конечната верзија заедно со ЕБРД на обработката на проектната документација, физибилити студиите и договорите за јавно приватно партнерство и концесии по теркот кој го изработува Европската банка за обнова и развој и останува скопската депонија која градот Скопје како осми регион треба да го реши, рече Заев, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромки јазик“.

0 Коментари

Остави коментари