ЗАЕВ: ДЕЛ ОД РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ВРАБОТУВАЊЕТО ВО ДРЖАВНИТЕ ФИРМИ
Foto

ЗАЕВ: ДЕЛ ОД РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ВРАБОТУВАЊЕТО ВО ДРЖАВНИТЕ ФИРМИ

Дел од блиските на функционерите ќе се откажат од вработувањето во државните фирми, тврди премиерот Заев. На овој чекор се решиле за да дадат добар пример во јавноста, но и зашто виделе алтернатива во приватниот сектор, каде платите се повисоки. Но тој не кажа кој од функционерите му дал таква најава. Остава тие сами да соопштат во наредните денови зашто станувало збор за личен чин.

- „Јас верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани. Навистина, сите граѓани се еднакви пред законот и пред институциите, но она што треба да биде пример е етичкото однесување на нас функционерите. Почнувајќи од мене, членовите на Владата, членовите на Парламентот, директорите. Иако реков дека се работи за мала бројка, и да се работи и за еден или двајца, е лош пример за другите како ние трба да се однесуваме.“ вели Заев.

Телевизија 24 ги праша пратеничката Мира Стојчевска и генералниот секретар на СДСМ дали нивните блиски ќе се откажат од државната служа. Но и двајца не одговорија ниту на телефонските повици ниту на пораките.

Најава за заминување од работа не добиле ниту службите во ЕЛЕМ, каде има најмногу ваработени деца и роднини на функционери.

- До овој момент ниеден вработен не се обратил до правната служба со најава за барање за раскинување на работниот однос по основ за кој вие прашувате, велат од компанијата.

Антикорупциска отвори 18 предмети во кои ќе ги проверува вработувањата. Ќе се испитува дали има непотизам при вработувањето на синот и братот на пратеничката Стојчевска, кои се вработија во ЕЛЕМ, а нејзиниот сопруг доби унапредување. Држава служба добија и дедото, бабата и сестрата на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски. Ќерката на спикерот Џафери, како и сестрите на министрите за економија и за култура Крешник Бектеши и Асав Адеми.

0 Коментари

Остави коментари