Заев: Бугарите ќе бидат вметнати како малцинство во Уставот на Р.С.М, но дури пред пристапување на земјата во ЕУ
Foto

Заев: Бугарите ќе бидат вметнати како малцинство во Уставот на Р.С.М, но дури пред пристапување на земјата во ЕУ

Бугарите ќе бидат вметнати во македонскиот устав но само пред пристапување на земјата во ЕУ посочи денеска премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Објаснувајќи ја процедурата, Заев вели дека тогаш се отвара Уставот за да се направат измените кои кореспондираат со останатите земји членки на унијата и тогаш се вградуваат и помалку бројните етнички заедници кои се присутни и живеат во земјава, а кои до сега не биле вметнати. 

Во насока на ова прашање пак бугарскиот политиколог Огнен Минчев на својот Ф.Б пропфил се огласи потенцирајќи дека 

- Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во  Македонија.Врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет во доброволни здруженија во сферата на граѓанското општество.Бугарската држава признава рамноправни граѓани, а не малцинства и мнозинства.

Прашањето за вметнување на бугарското малцинство во Уставот досега неколку пати беше наметнатно во јавноста како тема на дискусија, но дали и Македонија ќе бара во Уставот на Бугарија да бидат вметнаи македонците Заев денеска одговори дека тоа е одлука на Бугарија и барањето на реципроцитет може да биде толкувано и како мешање во вантрешните работи на земјата. 

Во петокот вршителот на должност шеф на бугарската дипломатија Светлан Стоев веќе изјави дека Министерството за надворешни работи би сакало Бугарите во Северна Македонија да бидат впишани во Уставот на земјата заедно со останатите наброени народи во него.

0 Коментари

Остави коментари