Забрчанец: Нема намера да се замолчуваат новинари, општеството да се ослободи од влијанијата на центрите на моќ
Foto

Забрчанец: Нема намера да се замолчуваат новинари, општеството да се ослободи од влијанијата на центрите на моќ

„Поголемо учество во јавниот етер, говорот на омраза е отров за општеството. Свесни сме дека Владата има сериозна одговорност, но апелираме и другите чинители да се гласни. Не значи дека новинарската фела прави малку, но секој може подобро. Сами оваа војна не може да ја водиме. Оваа Влада е демократска, нема намера да посегнува по цензури, па за тоа велиме дека секој чинител треба да преземе дел од одговорноста. На страната сме на професионалното новинарство. Често има случаи каде што постои булинг, за тоа дознава јавноста, но никој не го пријавува тоа во МВР. Доколку има пријава, МВР го процесуира тоа до Обвинителство, а и ние сме незадоволни од дел од обвинителствата, да постапуваат побрзо и поквалитетно. Не мислам дека е намерата да се замолчуваат новинарите, ќе застанеме со сите капацитети во одбрана на новинарите. Општеството ќе оди напред само ако има ослободени новинари од центрите на моќ, влијанија постојат секогаш и секаде, прашање е колку е општеството отпорно на влијанија на центри на моќ“ - вели националниот координатор за стратегиско планирање во Владата, Марјан Забрчанец во Студио 10 на ТВ24.

 

 

0 Коментари

Остави коментари