ЗА УТРЕ Е ЗАКАЖАНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА
Foto

ЗА УТРЕ Е ЗАКАЖАНА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Разрешувањето на притворената обвинителка Катица Јанева утре пред пратениците. Откако собранискиот спикер Талат Џафери, ги доби писмените согласности од сите политички партии, за утре ја закажа седницата на која пратениците треба да гласаат за разрешувањето на Јанева. Според правда нема разлика дали Јанева ќе биде разрешена или ќе и истече мандатот. И денеска нови обвинувања на релација власт – опозиција.

- „Претседателот на Собранието го потпиша решението за свикување седница за утре во 13 часот, со единствена точка на дневен ред – разрешување на јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.“ - Собрание.

Опозицијата со критики до СДСМ. Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Јанева досега требало да биде разрешена. Вели власта и натаму го штити криминалот, но и Јанева од разрешување.

Премиерот денеска контра опозицијата - Заев и Милошоски со нови обвинувања. Според Заев лажги со опашки се информациите на пратеникот Антонијо Милошоски дека на лидерската средба кажал оти Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор.

Милошоски со контрааргументи на фејсбук - прашува во кое својство премиерот контактирал со адвокатот на Јанева и дали оваа негова блиска координација е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот ?

Според министерката за правда, пак Рената Дескоска во поглед на постапувањето по предметите на СЈО - нема разлика дали специјаланта обинителка ќе биде разрешена од страна на пратениците или ќе и истече мандатот.

Јанева според законот за СЈО, има мандат само уште два дена, односно до 15 спетември. По извештај на Советот на јавни обвинители, Комисијата за избори иименувања пред една недела едногласно и без дискусија го усвои предлогот за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење. Поранешната прва шефица на СЈО, која гонеше висок криминал и корупција е во притвор од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот Рекет.

0 Коментари

Остави коментари