За сомничење за проневера од над 800.000 евра, во судот беше вратен шефот на кабинетот на Мијалков, Јакимовски
Foto

За сомничење за проневера од над 800.000 евра, во судот беше вратен шефот на кабинетот на Мијалков, Јакимовски

На излегување од судењето за масовното прислушување во кое е обвинет, Тони Јакимовски попладнето беше вратен назад во судот, но, овојпат на распит за ново кривично дело. Јакимовски, кој е поранешен шеф во кабинетот на Сашо Мијалков, заедно со вработените од Управата за безбедност и контраразузнавање - Петре Пешовски, Стево Маџовски и Кристина Јосифовска се осомничени за проневера од над 800 илјади евра. Според извори од истрагата ваделе пари од т.н. „спец-каса“ во која се чувале средства со кои се исплаќаат доушници и соработници. Јакимовски за прв пат е осомничен од редовното обвинителство за организиран криминал. Обвинет е во уште два случаја – „Трезор“ и „Таргет-Тврдина“ кои ги води Специјалното јавно обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари