За развој на туризмот, се гради патна инфраструктура во езерската населба Мантово кај Конче
Foto

За развој на туризмот, се гради патна инфраструктура во езерската населба Мантово кај Конче

Повеќе од половина милион евра се инвестираат во езерската викенд населба Мантово во општина Конче во подобрување на патната инфраструктура. 

Прекупроектот за подобрување на локалната и регионалната конкурентност таму се изгради патен правец во должина од 6 километри со што значително е олеснет пристапот до викенд населбата.

Во моментов на Мантово има изградено има околу 200 викенд населби .Таму се планира развој на езерскиот рибарскиот и рекреативен туризам. Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се градат и улици со атмосферска канализација во населбата.

Мантово преставува огромен туристички потенција за Конче каде што оштината наскоро ќе даде на продажба на парццели за изградба на угостителски ии сместувачки капацитети.

Во ова езерска населба преку проектот за локална и регионална конкурентност се планира изградба на две печашки патеки до Чуката и од колибите до манастирот Св. Ѓоргија, но и осветлување на влашките колиби кои станаа белег на населбата.

0 Коментари

Остави коментари