За патување во Турција задолжителен ПЦР тест
Foto

За патување во Турција задолжителен ПЦР тест

Од понеделник патниците што ќе пристигнат на турските аеродроми  за да влезат во земјата ќе треба да покажат негативен тест за Ковид-19, не постар од 72 часа. Мерката за задолжителен негативен тест ќе биде во сила до март.

Мерката од 30 декември се воведува и за сите патувања по копно и по море. Ако патниците не покажат негативен тест ќе бидат ставени во карантин. Досега за патување во Турција не беше потребен негативен тест. Додека патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Данска и Јужна Африка ќе мора да покажат негативен тест и да бидат најмалку седум дена во карантин, додека повторно не се тестираат.

Турција е една од земјите со највисока стапка на инфекција во светот, со неделен просек од 20.000 новозаболени дневно. Од последици на Ковид-19 починаа 19.371 лице.

0 Коментари

Остави коментари