ЗА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ – ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ОДЛУЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА МАНДАТНО ИМУНИТЕТНИ ПРАШАЊА
Foto

ЗА МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ – ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ ОДЛУЧУВА КОМИСИЈАТА ЗА МАНДАТНО ИМУНИТЕТНИ ПРАШАЊА

Во исчекување на закажаната седницата на Комисијата за мандатно имунитетни прашања за во понеделник на која ќе се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на екс премиерот Никола Груевски дел од пратениците веќе со оформен став како ќе гласаат, опозиционерите од најолемата опозициска партија велат својот став ќе го изнесат кога ќе се расправа за точката но на тоа секако ќе претходи кординација. Пратеникот на ДУИ Артан Груби и денеска на новинарско прашање одговори оти ДУИ ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски додека пак пратеничката од опозициската ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојановска вели опозициската партија ќе се произнесе за тоа кога ќе дојде време . Личен став не сакаше да изнесе бидејќи како што вели не е независен пратеник туку е дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ .

На коринација за ова прашање ќе одлучуваат и осумте исклучени пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ - за сега ниту тие немаат конкретен став . Она што го предвидува Деловникот е дека Претседателот на собранието ја известува комисијата за Деловнички и мандатно имунитетни прашања доколку некој пратеник неоправдано отсуствува од седници повеќе од 6 месеци - за во рок од 15 дена од денот на известувањето Комисијата да почне претрес по оваа точка .

Пратеникот и поранешен премиер Никола Груевски за кој има правосилна пресуда од двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО, а е осомничен и за организирање на собраниските настани од 27 април, во месец ноември избега во Унгарија каде доби статус на политички азилант.

Пред шест месеци, односно пред бегството, Собранието гласаше за одземање на мандатот на Груевски. Комисијата за мандатно имунитетни прашања, тогаш предложи одземање, сметајќи дека со двегдишната затворска казна за набавка на блиндираниот мерцедес, тој е недостоен за извршување на пратеничката функција, но за предлогот гласаа само 58 пратеници, а за ваква одлука е неопходно двотретинско мнозинство или 80 пратеници. Никола Груевски по бегстовото остана единствено без пратеничката плата.

0 Коментари

Остави коментари