За една недела седум смртни случаи од грип
Foto

За една недела седум смртни случаи од грип

Седум лица во изминатава недела починаа од компликации од грип. Двајца починале во претходните две недели. Тројца од починатите биле од Скопје, двајца од Кичево, еден од Ресен и еден од Валандово. Петмина од нив имале претходно хронични заболувања.

Според соопштението на Инсититутот за јавно здравје, во текот на изминатава недела регистрирани се 1.573 новозаболени со грип, што е за околу 35% намалување во споредба со минатата недела. Најголем број на заболени се на возраст помеѓу 15 и 64 години. Најмногу заболени има во Скопје а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Кавадарци. Оваа сезона вкупно 19 204 лица заболеле од грип. Според Институтот за јавно здравје, вакцинацијата против сезонскиот грип е најефикасна заштита од ова заболување. Од таму препорачуваат вакцинација на целото население, особено на лицата кои припаѓаат во ризични групи. Според податоците од Управата за електронско здравство, вакцинирани се околу 20 000 лица со бесплатните вакцини против сезонскиот грип. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години.

Официјална изјава пред јавноста денеска не дадоа епидемиолзите од Институтот за јавно здравје ниту пак од министерството за здравство. Оваа сеозна вкупно 22 починаа од компликации од грип. Најмладата жртва на грипот беше пет годишно дете, кое пред неколку недели почина на клиниката за дестки болести во Скопје.

0 Коментари

Остави коментари