За една недела 134 новозаболени од морбили - епидемијата нема да стивне набрзо
Foto

За една недела 134 новозаболени од морбили - епидемијата нема да стивне набрзо

За само една недела 134 нови случаи на мали сипаници, бројката на заболени од морбили е во постојан раст. Според здравствените власти во земајава се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници, велат во последните десетина недели овој број континуирано се одржува околу 100, но ова е највисоката бројка регистрирана воопшто откако беше прогласена епидемијата. Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови изнесува 22 велат од Институтот. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30 годишна возраст.

Здравствените власти велат дека се очекува и во наредниот период бројот на заболени да се одржува и не очекуваат брзо намалување на бројот на заболени ниту пак привршување на епидемијата. Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина изнесува околу 25 илјади деца, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта.

Пред неколку дена пак откако министрите за образование и здравство не можеа да најдат заединчки став за тоа дали вакцината ќе биде услов за упис во училиштата, Владата на седница пресече – невакцинирани деца нема да се примаат во сите училишта. Одлуката на надлежните предизвика бурни реакции кај родителите, а по нивните жалби Комисијата за заштита од дискриминација денеска одлучи дека забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП вакцина в градинка и училиште не е дискриминирачка.

0 Коментари

Остави коментари