За две седмици настава во Србија – заразени 52 ученика и 20 вработени
Foto

За две седмици настава во Србија – заразени 52 ученика и 20 вработени

Во првите две недели од почетокот на наставата во основните и средните училишта во Србија, вкупно 52 ученици и 20 вработени биле заразени со коронавирус, соопшти српскиот министер за образование.

Во Белград заболеле 16 ученици, а има случаи и во Сомбор, Нови Пазар, Врање, Ниш, Лесковац. Во основните училишта се заразени седум наставници. Според министерот за образование Младен Шарчевиќ парковите се местата каде можноста за пренесување на вирусот е поголема, отколку во  училиштата.

- Помалку од два ученика се заразуваат дневно на ниво на држава, засега состојбата е под контрола. Училиштата се најбезбедно место каде можноста за пренесување на вирусот е многу помала отколку во парковите и спортските терени. - изјави Младен Шарчевиќ.

Расте бројот на затворени училишта поради Ковид 19 и во Франција. Од почетокот на школската година, само по една недела на работа на 7 септември, Министерството за образование регистрира дека 28 училишни  установи и 262 паралелки се затворени заради епидемијата. Во Франција има околу 1.200 нови случаи на ученици заразени со Ковид во споредба со минатата недела.  

Во Молдавија пак , од 1 до 14 септември, коронавирусот бил дијагностициран кај 187 ученици и две деца од предучилишна возраст. Во моментов 10 училишта во Молдавија се затворени поради карантин. 171 клас се префрлиле на учење на далечина, поради инфекција со коронавирус на ученици и наставници. Во предучилишните установи, од 1.398 градинки во Молдавија работат 738. Две се затворени.

0 Коментари

Остави коментари