ЗА ДВА МЕСЕЦИ СКЕНИРАНИ 15 МИЛИОНИ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ – ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОВРАТ НА ДДВ ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА
Foto

ЗА ДВА МЕСЕЦИ СКЕНИРАНИ 15 МИЛИОНИ ФИСКАЛНИ СМЕТКИ – ЗА ГРАЃАНИТЕ ПОВРАТ НА ДДВ ОД 2 МИЛИОНИ ЕВРА

Од почетокот на проектот „Мој ДДВ“ на 1 јули, па заклучно со крајот на август скенирани се 15 милиони фискални сметки. По основ поврат на ддв на граѓаните ќе им бидат вратени 2 милиони евра, соопштија од Управата за јавни приходи. Според директорката Лукаревска, проектот е успешен и веќе давал резултати и во намалување на сивата економија. Бројот на пријави за неиздавање на фискални сметки од страна на граѓаните е зголемен за 100 %, а приливот во буџетот од овој данок пораснал за над 10 насто.

0 Коментари

Остави коментари