За два месеци Сашо Мијалков мора да излезе од притворот во Шутка, Обвинителството потоа ќе решава за нова мерка
Foto

За два месеци Сашо Мијалков мора да излезе од притворот во Шутка, Обвинителството потоа ќе решава за нова мерка

За помалку од два месеци поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков ќе мора да излезе од притвор од затворот во Шутка. Ова му го овозможува Законот за кривична постапка, според кој, Обвинителството поднесува обвинителен акт во случај кога кривичното дело за кое што е обвинет некој предвидува казна затвор до 5 години, како што е тоа случајот со Мијалков. 

Според адвокатот Јован Јоанидис, за предметот „Таргет–Тврдина“ по завршување на 60-дневниот притвор, на Мијалков може да му се определат само мерки на претпазливост.

Извори од Обвинителството за ТВ24 велат дека засега 60 дена притвор се доволни, а потоа ќе ги разгледаат сите опции за евентуално продолжување на притворот за Мијалков.

Според Законот за кривична постапка притворот може да биде продолжен само ако осудениот е обвинет за друго кривично дело. Освен во „Таргет-Тврдина“ во кој е неправосилно осуден на 12 години затвор, на Мијалков му се суди и во случаите „Титаник 2“, апсење на лидерот на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошкоски, во „Тортура“ и „Трезор“ како и за набавката на софтвер во УБК за прислушување. 

Против поранешниот шеф на тајната полиција се води и истрага за случајот „Империја“, во кој е осомничен за перење пари.

Поранешниот судија, обвинет, па ослободен во случајот „Шпион“ а сега оштетен во случајот „Таргет-Тврдина“, Валентин Зафиров вели дека ако доследно се почитува законот тогаш простор за манипулации со времетраењето на постапката нема, а роковите не смеат да се продолжуваат.

Поранешната судијка во европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека затворскиот притвор се изрекува кога не се постигнува целта со поблагите мерки.

Еден ден по приемот, од истражниот затвор „Скопје“ информираа дека поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков веднаш по приемот во затворот, поради здравствените како и сите други нови притворени луѓе е сместен сам во одделението за издржување мерка притвор. 

Во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди, велат од затворот, за Мијалков се преземаат засилени безбедносни мерки и се прават и чести контроли.

0 Коментари

Остави коментари