За да не се повторат старите проблеми - тутунопроизводителите да се придржуваат до договорот
Foto

За да не се повторат старите проблеми - тутунопроизводителите да се придржуваат до договорот

Да се произведува колку што бара пазарот и да биде квалитетно - производителите и откупувачите на тутун да го почитуваат Законот за тутун, порачува Стопанската комора.

Велат во спротивно се создаваат вишоци кои остануваат неискористени или минимално  платени. Само  во минатогодишната реколта вишоците од 4.000 тони тутун беа откупени по просечна цена од само 48 денари за килограм.

Лани  тутунот се откупувал 158 денари за килограм, што е за 25 отсто пониско отколку во 2019 година кога била 219 денари за килограм. Има намалени количини договорено производство, но, како што велат од Комората, традиционално во земјава има и производители кои не склучуваат договори, а произведуваат тутун.

0 Коментари

Остави коментари