За 20% ќе поскапат хотелските и угостителските услуги, најавуваат од ХОТАМ
Foto

За 20% ќе поскапат хотелските и угостителските услуги, најавуваат од ХОТАМ

За околу 20 проценти ќе поскапат цените на хотелските и угостителските услуги следниот период информираат од ХОТАМ. Но не очекуваат дека поради тоа ќе се откажуваат резервации или дека ќе има намалување во бројот на хотелските гости. Сепак велат 2022-ра ќе биде година на преживување.

Во време на инфлација кога цените на сите продукти и во сите сфери неконтролирано растат, неизбежно и очекувано е тоа да се случи и во овој сектор, велат од Организација на работодавачи. Но со растот на цените на услугите ќе треба да растат и платите на вработените.

Туризмот веќе втора година е во криза поради пандемијата со коронавирусот, а летните сезони во туристичките центри во поголем процент се потпираа на ваучер системот на летување кој според хотелиерите во одредена мера досега се покажал како ефикасен.

0 Коментари

Остави коментари