Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора
Foto

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат за надворешно-политичките можности, односите во регионот со посебен осврт на неодамнешните настани со Црна Гора.

Можно е, според извор на Блиц, претседателот Вучиќ, без оглед на мерките за реципроцитет, откако Црна Гора го протера српскиот амбасадор, да побара смирување на страстите, не само поради големиот број срби во таа земја, но и поради положбата на србите во регионот.

Министерството за надворешни работи на Србија синоќа по прогласувањето на српскиот амбасадор Владимир Божовиќ во Црна Гора за „персона нон грата“ возврати со реципрочна мерка.

Во дипломатската нота испратена од српското до црногорското министерство за надворешни работи се наведува дека амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен за непожелна личност во земјата.

Црногорското министерство за надворешни работи претходно објави дека во согласност со  Виенската конвенција за дипломатски привилегии и имунитет го прогласува српскиот амбасадор Божовиќ за „персона нон грата“ и побара тој да замине од Црна Гора.

Како образложение за таквиот чекор се наведува „долго и континуирано мешање во внатрешните работи на Црна Гора, однесување и изјави неспоиви со вообичаените и прифатливи стандарди за извршување на дипломатската функција“

0 Коментари

Остави коментари