Александар Вучиќ ги почна консултациите за формирање на новата влада. Српскиот пртетседате ли прв човек на владеачката Српска напредна партија, денескасе сретна со претставници на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“, предводени од Шаип Камбери.
Од владеачката партија велат дека е неопходно да се постигне економски напредок не само на југот на Србија, туку и низ целата држава.
Според Српските медиуми, албанските пратеници кои успеаа да обезбедат пратеничко место од Вучиќ ја бараат челната позиција во Министерството за локална самоуправа, заменик-министер за економија, како и во Министерството за образование. Носителот на изборната листа, Шаип Канбери вели дека сега е вистинскиот момент да се решат голем дел од проблемите кои постојат меѓу двете страни.
„Како претставници на Албанците, имаме разговори со претседателот Вучиќ и ги изнесовме барањњата за кои веќе неколку години зборуваме. Неодамна, по мналог на претседателот, во Бујановец и Прешево беа вработѕени 11 млади Албанци лекари. Мислам дека ова доволно говори за тоа дека има добра политичка воља да се решат проблемите.“ - изјавив Шаип Канбери – носител на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“.
ОД коалицискиот партнер на Вучиќ, Социјалистичката партија на Србија, велат дека и во иднина ќе продолжат соработката. Воено, ги предупредија пратениците кои не се сложуваат со оваа одлука дека слободно можат да ја напуштат партијата.
„Социјалистичката партија на Србија е единствена во ставот кој го изненсе нашиот претседател, Ивица Дачиќ, а тоа е да останеме на политиката која е во интерес на Србија ја водиме веќе неколку години наназад заедно со Српската напредна партија, која е наш долгогодишен партнер.“ - се наведува во соопштението на партијата.
Во наредните денови, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија мандати на изборите.
0 Коментари