ВУЧИЌ ДО ЗАЕВ: ПОЗДРАВ ДРУЖЕ
Foto

ВУЧИЌ ДО ЗАЕВ: ПОЗДРАВ ДРУЖЕ

Објавените разговори на премиерот Зоран Заев со руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати како Лексус и Вован, покажуваат дека тој ништо не знае и нема разговарано со некој кој знае нешто за преговорите меѓу Србија и Косово. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк. Како што наведе Вучиќ, Заев му се извинил откако медиумите го пренеле разговорот во кој македонскиот премиер кажал дека тој е руски човек.

„Тој ми испрати извинување, ми испрати порака, не се јави, а може и ќе се јави од каде да знам. Ми напиша порака извини ако имаше нешто, јас му реков поздрав друже и што да му кажам друго. Сега јас нему да ми објаснувам дали сум руски човек или не сум руски човек. Јас се гордеам со тоа што сум Србин и што се борам само за Србија и што општо познато дека не сум ни американски ниту руски, ниту чиј било човек. И тоа е тежината на мојата позиција и затоа малку од нив ме сакаат на власт во Србија, затоа што не сум нечиј туку само човек на Србија и на нашите граѓани и нашиот народ“. - изјави Александар Вучиќ – претседател на Србија.

Заев, во разговорите со лажниот украински претседател Петро Порошенко говори како Белград и Приштина почнале да разговараат за размена на територии и ја осудува таквата идеја, а за Русија смета дека се меша и сака да го дестабилизира регионот.

„Кога некој нам би ни го понудил тоа што тој го зборува, јас со двете раце би го прифатил. Далеку сме од тоа, ние Србите многу сонуваме да добиеме и да имаме, отколку што навистина имаме. И тоа ми покажува дека тој не разговарал со некој кој сериозно нешто знае за преговорите и разговорите“. - изјави Вучиќ.

Пред неколку дена на интернет се појави аудио снима од разговори од раговорина македонскиот премиер Зоран Заев во кои тој беше убеден дека разговара со Столтенберг и со Порошенко. На стапицата на руските комичари наседнаа и косовскиот премиер Рамуш Харадинај, францускиот претседател Емануел Макрон, Борис Џонсон и други личности.

0 Коментари

Остави коментари