Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на уставот
Foto

Втора јавна дискусија за нацрт-амандманите на уставот

Северномакедонци или народ со зацврстен идентитет? Дел од присутните на втората јавна дебата за уставните амандмани го прашаа премиерот како ќе се нарекуваат идните генерации. Иако повеќето од присутните на дискусијата даваа конкретни забелешки, присуствуваа и граѓани кои рекоа дека се чувствувале изневерени кога 80 пратеници дадоа поддршка за уставните измени.

„Северно Македонци нема да бидам ниту вие ниту децата, зошто јасно е утврдено дека сме Македонци и зборуваме македонски јазик. Важно е што тоа никој нема да ни го оспорува. Завршен е траен спор имаме земја признаена од сите нема срамот на ФИРОМ да го носиме. не е лесно на вас и другите, но прашањето што ќе им оставиме на децата.“ - изјави Заев.

Според професорот Темелко Ристовски пак, во четвртиот амандман има дискриминаторски дел во кој освен македонскиот народ не се наведени другите граѓани. Даде предлог оваа одредба да се избрише од спогодбата.

„Мора да водиме сметка дека Македонија е мултинационална држава и во неа не живеат само граѓани на македонскиот народ, туку и на другите народи. затоа оваа одредба е дискриминаторска.“ - вели Темелко Ристовски – универзитетски професор.

„Ние  станавме држава no name. референцата ФИРОМ се институнационализира. Со договорот  добиваме едно вистинскиско достоинствено има и ја надминуваме референцата.“ - вели Нано Ружин – универзитетски професор.

Во фокусот на дебатата беа и барањата на опозициските пратеници за измените во Преамбулата. По завршување на јавните дискусии со стручната јавност, на комисиските расправи се очекуваат амандмани на владините предлог амандмани. Откако финалната верзија ќе се стави пред пратениците во Собрание на гласање, на власта ќе и бидат потребни најмалку 80 пратенички гласови за успешна имплементација на преспанскиот договор.

0 Коментари

Остави коментари