Еден час по страшниот инцидент со Ромен Грожан, рестартот на трката во Бахреин донесе нов инцидент.
Возачот на Рејсинг Поинт, Ленс Строл се преврте на патеката, а неговиот болид се судри со болидот на Данил Квјат, по што се преврте, а Строл излезе неповреден. Болидот експресно беше отсранет од патеката, па трката продолжи со вклучување на сигурносниот автомобил.
На речиси идентичен на начин Квајт го предизвика и вториот инцидент со Строл преку контактот со гумите. Строл со десната задна гума, удри во предната лева на Квајт, по што се преврте. По двата инциденти, Квајт е казнет со 10 секунди.
По овој инцидент се слушнаа и неколку коментари од возачите кои останаа во трката дека не би сакале рускиот возач да им е од десна страна.
0 Коментари