ВТОР ДЕН ПРОТЕСТИ НА ПАЗАРЏИИТЕ, БЛОКИРАН ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
Foto

ВТОР ДЕН ПРОТЕСТИ НА ПАЗАРЏИИТЕ, БЛОКИРАН ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

За еден час цената на паркинг место во непосредна близина на Зелениот пазар – чини колку три килограми компир – велат револитраните пазарџии кои втор ден по ред излегоа на улиците. Незадоволни се од измените на ценовникот за паркинг место во зоните на општина Центар. Доколку надлежните не ги слушнат нивните барања најавуваат целодневни блокади на скопските улици - реагираат протестот не е организиран поради политички цели.

И денеска ги раскажаа своите маки – велат цели семејства зависат од нивната заработка која од ден во ден е се помала. Бараат првиот еден час да е бесплатен – а секој нареден да е по старата цена.

Закупците на тезги на Зелен пазар побараа и среда со градоначалникот на општина Центар – а оттаму велат доколку тропнат на врата ќе бидат примени од градоначалникот во било кое време, но потенцираат дека одлуката за повисоките цени на паркинг местата во зонитге во општината се донесени на седница на Советот.

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар” преку соопштение апелираа до пазарџиите да ги прифатат новите мерки за решавање на проблемот со паркинг местото, како единствено добро за сите засегнати страни, особено за жителите. Од ПОЦ топката ја префрлија во рацете на „Скопски пазар“. Според нив „Скопски пазар“ треба да обезбеди дел од својата парцела која ќе биде наменета за потребите на своите закупци на тезги, а не, како што посочуваат решението да се бара во злоупотреба на јавна површина со цел да се задоволат потребите на еден приватен бизнис.

Од „Скопски пазар“ втор ден молк. И денеска побаравме став оттаму - но до емитувањето на прилогот оттаму не добивме одговор.

На последната седница на Советот на Општина Центар во 2019 година сите советници гласаа „за“ и општината донесе одлука за еден час цената на паркинг место да изнесува 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната. Паркирањето се наплаќа по нов ценовник од 8 јануари.

0 Коментари

Остави коментари