Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски
Foto

Врховниот суд ги одби жалбите на обвинетиот Драги Рашковски

Врховниот суд на денешната јавна седница ги одби како неосновани жалбите на поранешниот генерален секретар на Владата, а сега обвинет Драги Рашковски.

-Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.09.2021 година по одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди, се наведува во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

 

0 Коментари

Остави коментари