Времето денеска облачно со дожд и температура до 16 степени
Foto

Времето денеска облачно со дожд и температура до 16 степени

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините ќе има врнежи од снег, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната од 4 до 16 степени. 

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 12 степени.

0 Коментари

Остави коментари