Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи
Foto

Времето денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ индексот ќе биде 7.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а дневната температура од 25 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 32 степени.

0 Коментари

Остави коментари