„Време е за акција…. за крај на туберкулозата”, 24 март, Светски ден на туберкулозата
Foto

„Време е за акција…. за крај на туберкулозата”, 24 март, Светски ден на туберкулозата

Под мотото „Време е за акција…. за крај на туберкулозата” ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и Националниот координативен механизам со поддршка на Министерството за здравство же го одбележат 24 март, Светскиот ден на туберкулозата, ден посветен на борбата против туберкулозата.

Во рамки на одбележувањето на денот, утре ќе се одржи тркалезна маса на која ќе се обратат и дискутираат експерти за туберкулоза и претставници од граѓанскиот сектор кои директно работат со оваа проблематика и даваат свој придонес во превенција и елиминација на туберкулозата.

Доктори од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза ќе говорат за „Туберкулозата во Македонија, состојби и предизвици“, „Одржливост на превентивната програма за туберкулоза 2019 година“ како за туберкулозата на глобално ниво. 

0 Коментари

Остави коментари