Вработените во Еурокомпозит повторно на протест пред владата
Foto

Вработените во Еурокомпозит повторно на протест пред владата

Врабтените во Еурокомпозит и денеска повторно излегоа на протест пред владата. Велат не им се исплатени околу дваесетина плати, а не им биле плаќани ниту придонеси во последните 6 и пол години. Тие од владините претставници бараат државата како работодавец да им ги исплати неисплатени плати, придонесите, како и опремнина за вкупно 154 работници кои доброволно потпишаа да бидат прогласени за технолошки вишок. Во спротивно доколку владата не ги исполни нивните барања тие најавија помасовни протести, но и поставување на шатори пред владината зграда.

0 Коментари

Остави коментари