Вработен во општина Петровец, сведочеше во „Талир” за уплата на донации во име на ВМРО-ДПМНЕ
Foto

Вработен во општина Петровец, сведочеше во „Талир” за уплата на донации во име на ВМРО-ДПМНЕ

Судењето за предметот „Талир” во Кривичниот суд Скопје, денеска продолжи со презентација на сведоци. Прв исказ пред суд даде сведокот Горанчо Ангеловски, вработен во општина Петровец,  кој призна дека во име на политичката партија вмро-дпмне, уплатил парични средства како донација.

Обвинителниот акт за „Талир” поднесен од поранешното СЈО го опфаќа нелегалното финансирање на вмро-дпмне, и незаконска изградба на седиштето на партијата.

Обвинети се поранешниот претседател  никола груевски, поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски, екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот пратеник Илија Димовски и Леко Ристоски.

0 Коментари

Остави коментари