Воздухот во Њу Делху опасен за дишење
Foto

Воздухот во Њу Делху опасен за дишење

Индиската влада воведе серија мерки откако индексите на загадување покажуваа дека квалитетот на воздухот во индиската престолнина и натаму е екстремно лош а нивото на ПМ честиците е десет пати повисоко од дозволеното. Поради густиот облак од смог, затворени се голем број на училишта, прекинати се сите градежни работи, а неколку десетици авионски летови се пренасочени.

Градските власти упатија апел до жителите да останат во своите домови а како мерка за заштита воведено е ограничување на возењето според парни и непарни броеви на регистарските таблички на возилата.

„Ова не е ништо ново и не е дека владата не знае какви мерки треба да се преземат. Ова не е само нивни проблем туку не засега сите нас. Потребни се систематски промени и нивно строго применување. Проблемот ќе стане само поголем доколку не се преземе нешто.“ - изјави Барат Гопаласвами.

Сепак многумина се скептични дека владините мерки ќе променат нешто со оглед на тоа дека 13 од 20 најзагадени градови во светот се од Индија. За голем дел од жителите на Њу Делхи главен фактор кој придонесува за загадувањето се пожарите кои фармерите намерно ги предизвикуваат за да ги расчистат полињата.

„Имам главоболка секој ден кога станувам од спиење. Понекогаш и се гушам. Имам воспаление на дишните патишта а ме печат и очите. Не е зима и ова што го дишеме не е магла. “

„Воздухот ме задушува. Мислев дека дождот ќе ги промени работите и ќе го намали загадувањето но тоа не се случи.“

Според пресметките на локалните власти, од сообраќај дневно треба да бидат исклучени 1,2 милиони возила а казната за непочитување на ваквиот сообраќаен режим е 56 долари...Изминатите денови, воздухот во Делхи достигна опасно ниво на загадување и до 20 пати над дозволеното, предизвикувајќи респираторни заболувања кај граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари