Волфсбург остана непоразен во Бундеслигата и по деветто коло
Foto

Волфсбург остана непоразен во Бундеслигата и по деветто коло

Во претпоследниот натпреварот од 9. коло на Германскиот фудбалски шампионат, Волфсбург одигра нерешено 0:0 со Аугсбург и го задржа епитетот небобедлив оваа сезона.

Волфсбург досега има четири победи и пет нерешени средби (17 бода) и е единствената екипа без пораз во Бундеслигата.

И покрај тоа што досега нема ниту еден пораз, Волфсбург не е прв на табелата. Пред него се Баерн Минхен кој има 18 бода и Фрајбург кој има 17, но подобра гол-разлика.

0 Коментари

Остави коментари