Војвотката од Сасекс стана првиот член на британското кралско семејство што гласал на избори
Foto

Војвотката од Сасекс стана првиот член на британското кралско семејство што гласал на избори

Војвотката од Сасекс, Меган Меркл го сруши кралско правило дека член на кралското семејство не смее да гласа на било какви избори. Таа во придружба на сопругот принцот Хари гласаше на претседателските избори во САД. Меган е американка и има право на глас без разлика на титулата, додека Хари не може да гласа, зошто нема американско државјанство.

Откако во март, годинава, двајцата се збогуваа со кралските должности и заминаа во Америка каде и денес живеат во Санта Барбара, Меган и Хари ги задржаа титулите, но го изгубија правото на ословување со Кралско височество и финансирање од кралскиот службен фонд.

Кралското семејство има многу строги правила, а како најстрого се сметаше правилото дека ниту еден член не смее да гласа на било какви избори во Британија ниту јавно да се изјаснува за свој политички фаворит во изјавите за време на изборите, ниту јавно да поттикнува на гласање. Но, Меган како американка има легитимно право на глас во Америка и таму, кралската титула нема никакво значење. Таа денес го оствари правото на глас, гласајќи преку електронска пошта.

Уште во август, Меган изјави дека ќе го искористи правото на глас во интервју, но не откри кој и е фаворит. Британците сметаат дека со ова се срушил и последниот бастион на кралскиот протокол, кој дотогаш никогаш не бил прекршен.

0 Коментари

Остави коментари