Воена вежба во велешката касарна – обука за НАТО стандарди
Foto

Воена вежба во велешката касарна – обука за НАТО стандарди

Компјутерски симулации со кои се решаваат разновидни воени сценарија кои ќе ја покажат способноста во решавање на современите безбедносни предизвици е темата на вежбата Регекс 19, која неделава се одржува во велешката касарна.

Домаќин е македонската армија, а на неа учествуваат претставници на 22 земји, од четири континенти, со вкупно 220 воени претставници. Со вежбата, припадниците на домашната, но и армиите од партнерите на НАТО ќе се обучат како да реализираат меѓународна вежба на бригадно ниво.

По најголемата меѓународна вежба „Одлучен удар“, која летото се одржа на полигонот Криволак, ова е една од позначајните вежби организирани во земјава. Со сето ова, Македонија покажува дека веќе функционира како членка на НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, која денеска ја посети вежбата.

На „Регекс 19“ учествуваат и три НАТО земји – Шпанија, Грција и Франција, чии претставници високо ја оценија способнаоста на македонската армија.

Вежбата се одржува во компјутерскиот центар за симулации во велешката касарна. Таа ќе трае до 18 октомври.

0 Коментари

Остави коментари