Воен авион се сруши во Србија, едниот пилот загинал, по другиот се трага
Foto

Воен авион се сруши во Србија, едниот пилот загинал, по другиот се трага

Утринава околу 9 часот се урна авион „МиГ 21“ во Србија во близина на селото Брасина, кај Мал Зворник, соопштија од српското Министерство за одбрана.

Според информациите, авионот паднал во двор на куќа. Државната српска телевизија наведува дека едниот пилот загинал, а по другиот се трага.

Војската на Србија имала само два авиона од овој тип, а неодамна биле ремонтирани.

Наскоро очекуваме поконкретни информации.

 

Foto

0 Коментари

Остави коментари