Во услови на вонредна состојба медицинскиот персонал не може да биде ангажиран без да им биде платено пензиско и здравствено
Foto

Во услови на вонредна состојба медицинскиот персонал не може да биде ангажиран без да им биде платено пензиско и здравствено

Ниту во нормални услови а особено сега во вонредна состојба медицинските сестри и целокупниот персонал не треба да биде ангажиран со договор на дело без платено пензиско и здравствено осигурување, вели Гордана Бешлиоска, претседателка на здружението „За нас“ кое е дел од Унијата на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри откако ТВ 24 на почетокот на ноември 2020 година обелодени дека во услови на пандемија на корона вирус и се' потешкиот товар што паѓа на плеќите на здравствениот систем безмалку 2500 медицински сестри и доктори по медицина седат дома и не работат. Сепак, вели Бешлиоска проблемот спорадично се решава. Така на пример Општата болница во Куманово, Градската болница 8 септември и Инфективната клиника во Скопје веќе ги вработиле медицинските сестри со решение за работа. 

На првиот ден од оваа 2021 година министерот за здравство Венко Филипче кажа дека е направена делумна анализа на бројките кои, како што вели тој не соодветствуваат на сликата на терен. 

Бешлиоска вели дека најголем проблем за вработување на медицинските сестри и целокупниот медицински персонал е тоа што мора да се бозведи согласност од министерството за финансии.

Според Бешлиоска, причина за големиот број невработен медицински персонал е штоп дел од нив е ангажиран со договор на дело, другата половина заминале на работа во странство а помал дел се медицинските сестри кои завршиле високо образование и не се конкурентни на редовните конкурси на кои се бара кадар со средно стручно образование. Според податоците на Здружението „За нас“ годишно во Македонија од образовните институции излегуваат околу 1000 медицински сестри. Според европските правила на 100.000 жители треба да има од 750 до 800 сестри а во земјава таа бројка изнесува помеѓу 300 и 350 медицински сестри.

0 Коментари

Остави коментари