Во тинејџерска пресметка во Ново Лисиче, со нож убиено 17-годишно момче
Foto

Во тинејџерска пресметка во Ново Лисиче, со нож убиено 17-годишно момче

Само млазот вода, утрово ја разбиваше тишината во паркот во Ново Лисиче, додека жителите, ги бришеа локвите крв од земјата и клупите. И денеска тие сведочеа за синоќешната тинејџерска пресметка, во која беше убиен17-годишниот Никола Христовски. 

„Мирни деца...Јас тука живеам секогаш сме тука меѓутоа...уф...страшна работа...Ги знам децата мирни, ги знам од училиштето Лазо Ангеловски тука...извенете не можам да зборувам нависитна потресен сум.“

Нешто после полноќ, на ова место настанала расправија помеѓу неколку тинејџери, која за кратко време прераснала во крвава пресметка, кога еден од учесниците извадил нож и смртно го ранил својот противник.

Со смртоносни рани во градниот кош, 17 годишното момче, кој е кошаркар на МЗТ, од убодните рани утрово почина во болница, а 18 годишинкот кој го ранил веќе е во полициска станица.

На 14.08.2019 во 00,35 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Февруарски поход“ започнала расправија од страна на неколку лица со А.Т. (18) кој бил во друштво со К.Д. (17), која продолжила и со физичка пресметка. Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х. (17) – стои во полицискиот билтен.

Дел од жителите во шок се прашуваа како е можно ваков инцидент со кравава разрешница да се случи во оваа населба, која ја опишуваат како мирно маало.

„Мирна населба се е супер. Од вас слушам дека имало инцидент“. „Не, и јас имам малолетно дете тука си играме секогаш, но вакви работи немало.“ - велат дел од жителите.

Случајот се уште го истражува полицијата, а откако ќе ги сослуша сите учесници во пресметката, предметот оди во раце на јавното обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари