Во текот на викендот во Грција регистрирани 116 шумски пожари
Foto

Во текот на викендот во Грција регистрирани 116 шумски пожари

За 48 часа, односно од петокот во 19 часот заклучно со вчера во исто време, во Грција биле регистрирани вкупно 116 шумски пожари на различни локации, во кои интервенирале речиси 2.000 пожарникари со над 750 возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Противпожарната служба на Грција соопштуваат дека поголемиот број од пожарите брзо биле ставени под контрола.

Во изминатите 24 часа, заклучно со вчера во 19 часот, во Грција имало 54 шумски пожари, а интервенирале вкупно 880 пожарникари со 330 возила, 22 пешадиски тима, авиони и хеликоптери, а помагале и цистерни и булдожери од општините.

Едно деноноќие претходно, биле регистрирани 62 шумски пожара кои ги гаснеле 1.115 пожарникари со 426 возила.

Единици од Дирекцијата за справување со подметнување пожари на грчката Противпожарна служба ги испитуваат причините.

0 Коментари

Остави коментари