Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот
Foto

Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со коронавирусот

Најдоцна до утре ќе се знае  дали вработените од светниколска „Мода“ ќе одат дома. Управниот одбор на оваа конфекција ги чека резултатите од приватното тестирање  на 210 вработени.

Од резултатите ќе зависи дали фабриката што има 730 вработени целосно или делумно привремено ќе се затвори. Во моментот таму позитивни на вирусот се 13 работнички, 40 се во изолација. Менаџментот вели се одлчиле сами да го платат скринингот бидејќи преку државното тестирање на резултати се чека предолго.

„Два дена за да се закаже термин преку матичен лекар или поминуваат пет дена додека да се добијат резултатите од тестот. Ние не можеме да чекаме толку време. Ако е потребно ќе направиме уште еден скрининг на наш трошок за да ги преземеме вистинските мерки. Со вакво доцнење се загрозуваат сите што биле во контакт со заболените“, вели Ангел Димитров од „Мода“ АД-Свети Николе

 Од општинсиот кризен штаб на Свети Николе  ги повикуваат надлежните инспекторати да направат вонредни контроли во фабриките и превозот на работниците во Штип и Свети Николе. Во моментот во оваа општина има 50 активни случаи. Очекуваат и препораки од државниот Кризен штаб.

„Поради новите случаи, повторно се активирани волонтерите за достава на неопходни прехрамбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација“, велат од Општинскиот кризен штаб на Свети Николе.

Во меѓувреме во источниот регион расте бројот на заразени од вирусот. На штипското инфективно се хоситализирани 47 лица, од кои десет се на кислородна подршка. Има пациенти од цел регион каде има активни случаи на вирусот.

0 Коментари

Остави коментари