Во струмичко не се почитува договорената откупна цена за пролетната зелка, инспекторите на терен
Foto

Во струмичко не се почитува договорената откупна цена за пролетната зелка, инспекторите на терен

Раноградинарите од струмичко реагираат дека трговците откупувачи од овој дел на државата не ја почитуваат цената од 15 денари за килограм пролетна зелка, договорена пред една недела во министерството за земјоделство. Според нив, пролетната зелка во струмичко се откупува по 10 денари и се прави манипулација со змејоделците заради што бараат помош од министерството и земјоделскито инспекторат.

Од државниот земјодлески инспекторат информираа дека вчера и денеска се пуштени дополнителни инспектори во струмичкиот регион за да се проверат реакциите на раноградинарите за откупните манипулации со цената за проелтната зелка. Зоран Шапурќ и тврди дека сите трговци кои нема да ја почитуваат договорената цена ќе бидат санкционирани.

Минатата недела МЗШВ соопшти дека на состанок со откупувачите од струмичко е договорено откупната цена на пролетната зелка до 20 април да биде 15 денари за килограм. Овие денови во струмичко се очекува и зголемување на пондуата со произведените количина.

0 Коментари

Остави коментари