Во Струмица објавен список со имиња на одбојкарки како заболени од ковид-19, клубот бара одговорност
Foto

Во Струмица објавен список со имиња на одбојкарки како заболени од ковид-19, клубот бара одговорност

Првиот човек на ОК „Виктори Волеј“ од Струмица ќе бара одговорност од лицето што ја креирало листа со имињата на одбојкарки дека се позитивни на ковид-19. 

Списокот со околу 20-тина имиња и презимиња на девојки синоќа експресно се прошири по социјалните мрежи дека се новозаболените од коронавирус во Струмица. 

Андон Василев потврди дека две девојки од клубот се позитивни чија здравствена состојба е добра, а сите останати се при крај со самоизолација што не значи дека се позитивни. Од клубот најавија кривична пријава против креаторот и споделувачите на списокот со имиња бидејќи е нарушен угледот на девојките и клубот.

Струмица последниве денови постојано бележи новозаболени лица. Во општината преставници на повеќе институции одржаа и координативен состанок како да се поефикасно да се имплементираат владините мерки и препораки. 

„Актуелната состојба е релативно загрижувачка имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години. Апелираме на одговорно однесување на сите физички и правни лица, како клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето“ - стои во соопштението од општина Струмица по одржаната средба во кабинетот на градоначалникот Јаневски. 

Во Струмица од почетокот на пандемијата регистрирани се 112 лица со ковид-19 од кои над 50-тина се активни, а 6 лица од овој регион според Институтот за јавно здравје починале од компликации со коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари