Во Струга по 10-ти пат Школа за млади лидери
Foto

Во Струга по 10-ти пат Школа за млади лидери

Четириесет учесници и повеќе од 20 предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од 10 -та Школа за млади лидери, што по иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ќе се одржи од денеска до 22 февруари во Струга. На свеченото отворање, најавени се обраќања на претседателот Иванов и на претседателот на Tag-org глобалната организација за професионални услуги и едукација Талал Абу-Газалех.

На првиот ден на Школата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, предавање ќе има извршниот директор на ТАВ аеродроми Сани Шенер, а ќе се одржи и панел дискусија за „Предизвиците на 4 -та индустриска револуција“, тема што ќе биде во фокусот на десеттата Школа за млади лидери. Програмата на школата, како што е наведено во најавата, опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис ангели, а по тој повод оваа организација во 2018 година на претседателот Иванов му ја врачи наградата за „Најдобар светски лидер“, кој инвестира во новата генерација.

 

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, каде низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, се овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини

0 Коментари

Остави коментари