Во среда Македонија ќе го потпише протоколот за НАТО
Foto

Во среда Македонија ќе го потпише протоколот за НАТО

Македонија официјално ќе го потпише пристапниот Протокол за влез во НАТО на 6 февруари. На церемонијата Протоколот ќе го потпише шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а земјите членки на алијансата ќе бидат претставувани од нивните амбасадори во НАТО, пренесува Радио Слободна Европа од Брисел, повикувајќи се на НАТО извори. Текстот за Протоколот беше усвоен во тивка процедура во понеделникот, а по церемонијата на потпишување документот ќе треба да се ратификува од секоја земја членка посебно. Според досегашната пракса, процедурата на ратификација трае од 12 до 14 месеци. На крајот, македонските власти ќе треба да поднесат „инструмент за пристапување“ во Вашингтон и од тој момент ќе се смета дека сме полноправна членка на Алијансата. Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во Букурешт одржаа неформален состанок со министрите за надворешни работи на земјите кандидати за членство во Унијата. Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини рече дека Унијата се фокусира на агендата за проширување. На состанокот било разговарано и за состојбата на земјите од Западен Балкан. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров рече дека земјава е добра можност за успех.

„Романија го презеде претседателството во време на предизвици, но и можности, а повеќе би бил искрен и скромен. Мислам дека Македонија е една од најдобрите можности за успех, во контекст на претседателството на Романија и нејзините приоритети“. - изјави Никола Димитров – министер за надворешни работи на РМ.

Американскиот аналитичар Џејмс Пердју, еден од посредниците за постигнување на Охридскиот рамковен договор и поранешен заменик генерален секретар на НАТО ги поздрави напорите на Владите на Атина и Скопје кои успешно ги заршија сите преземени обврски за промена на името на ПЈРМ во Република Северна Македонија, прашање кое ги оптоваруваше двете земји со децении.

0 Коментари

Остави коментари