Во Собранието утре ќе се расправа за имунитетот на Вељаноски
Foto

Во Собранието утре ќе се расправа за имунитетот на Вељаноски

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања утре ќе расправа за барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, како што бара кривичниот суд. Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на парламентот. По добиениот извештај од комисијата, собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Вељаноски е осомничен во истрагата на јавното обвинителство за настаните во собранието на 27 април, 2017 година.

0 Коментари

Остави коментари