Во Скопје санкционирани 325 возачи, најмногу за брзо возење
Foto

Во Скопје санкционирани 325 возачи, најмногу за брзо возење

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата спроведење засилени акциски контроли во областа на сообраќајот при што се изречени вкупно 325 санкции, од кои најмногу – 128 за брзо возење.

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 11, девет санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

0 Коментари

Остави коментари